
За Нас
Dog Planet - омиленото место на Вашето куче!
Поттикнати од нашата голема љубов кон кучињата, го создадовме Dog Planet – дневен престој и хотел каде што Вашето куче ќе биде згрижено со љубов и внимание без разлика дали сте на работа, на пат или на одмор.
Знаеме дека оставањето на Вашето милениче во туѓи раце може да биде стресно, па затоа сме тука да направиме секој момент поминат со нас да биде пријатен за Вашиот најдобар пријател.
Нашиот објект
Пространа средина
Климатизирани простории и секојдневна дезинфекција за да обезбедиме чист и безбеден простор

Надворешен простор
Секое куче има пристап до сопствен надворешен простор, како и до заеднички места за дружење и игра со други кучиња

Постојана грижа
Нашите вработени секогаш ги следат кучињата додека си играат, осигурувајќи им безбедност и удобност

Често Поставувани Прашања