Услуги

Дневен Престој

Дневен Престој

Clock Icon9 часа помеѓу 7:00 и 18:00

Идеално за:

Сопственици кои работат или имаат дневни обврски. Вашето куче ќе ужива во друштво и активности додека Вие сте зафатени.
24-Часовен Престој

24-Часовен Престој

Clock IconЦелодневна грижа

Идеално за:

Патувања, одмори, или кога Ви треба долготрајно чување на Вашиот миленик. Обезбедуваме удобен дом и постојана грижа.
Часовен Престој

Часовен Престој

Clock IconФлексибилни часови

Идеално за:

Ненадејни состаноци, кратки излегувања или обврски. Нудиме флексибилна часовна грижа која одговара на Вашиот распоред.

Ценовник

УслугаПон - ПетВикенд / Празници
Дневен престој500 ден.600 ден.
24-часовен престој750 ден.850 ден.
Цена од час70 ден.100 ден. / 120 ден.

Типичен ден во Dog Planet

Утро

Утро

Денот започнува со појадок и лесна игра. Без разлика дали Вашето куче сака да игра само или да се дружи со други кучиња, активностите ги прилагодуваме според неговите потреби.
Пладне

Пладне

По ручекот започнува вистинската забава! Кучињата играат во нашиот двор, групно или индивидуално. За оние што сакаат мирно време, обезбедуваме удобни места за одмор.
Вечер

Вечер

По вечерата, кучињата уживаат во релаксација во дворот. Како што се приближува крајот на денот, некои кучиња се подготвени да се вратат дома, додека други се спремни за спиење.

Правила и услови

Paragraph icon

Сите кучиња мора да бидат регистрирани во Dog Planet. При првиот престој, потребно е да се пополни формулар со информации за навиките на Вашето куче, за да можеме да се грижиме за него на најдобар можен начин.

Paragraph icon

Формуларот може да го најдете ТУКА.

Paragraph icon

Работното време на Dog Planet е од 7:00 до 18:00. Приемот и одјавата за хотелот се во овој период, но слободно контактирајте нѐ за да може да се прилагодиме на Вашите потреби.

Paragraph icon

Резервациите за престој се вршат исклучиво на телефонскиот број: +389 71 901 901.

Припремете го Вашето куче за престој во Dog Planet

Нашите услови за престој се креирани со цел да овозможат безбедност и удобност на Вашите кучиња

Vaccine

Пасош и примени редовни вакцини

Dog with Fleas

Препарат против болви и крлежи

Dog Medicine

Препарат против глисти

Dog Food

Сопствена
храна